Царински службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречија обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар.

Против сторителот, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. 

Со ова е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки во износ од 744 илјади денари, од кои 342 илјади денари се однесуваат на акциза.

Сторителот Ф.Б. државјанин на Македонија набавил вкупно 480 пакувања тутун за наргиле од по 250 грама од лице од Приштина и истите ги сокрил во багажникот, при што дел ги сместил во просторот наменет за резервна гума, а останатите ги покрил со прекривка.

 

Слични новости

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови сведоци

Сведоците посочија дека во „Пулс“ немало видливи противпожарни апарати, дека единствениот излез бил главниот влез и дека кратко пред пожарот полицијата вршела контрола, но не реагирала на пиротехниката која била користена без одобрение.