Царински службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречија обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар.
Против сторителот, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик.
Со ова е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки во износ од 744 илјади денари, од кои 342 илјади денари се однесуваат на акциза.
Сторителот Ф.Б. државјанин на Македонија набавил вкупно 480 пакувања тутун за наргиле од по 250 грама од лице од Приштина и истите ги сокрил во багажникот, при што дел ги сместил во просторот наменет за резервна гума, а останатите ги покрил со прекривка.
Слични новости
ММФ: Војната ќе го забави растот на македонската економија
Поради растот на цените не енергенсите и глобалните неизвесности се очекува економскиот раст да забави на 3,1 насто во 2026, а инфлацијата повторно да порасне.
Мицкоски: Имаме најниските цени на нафта и деривати во регионот
Состојбата со горивата во Македонија е стабилна вели премиерот Христијан Мицкоски кој порача дека во Македонија земјава има доволни количини горива и за граѓаните и компаниите.
Гостиварчанец осомничен за убиство, лажел дека татко му паднал во бањата
На 31 март 2026 година, во 01:50 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишија од слобода М.Д. (34) од Гостивар поради основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.


