Фудбалерот на Атлетико Мадрид и репрезентативец на Аргентина Хулиан Алварез изјави дека сака да си замине од Атлетико, пренесе телевизијата ЕСПН.

„Знам дека можеби ова не е вистински момент да заминам, но не можам да кријам. Разговарав со луѓето од клубот и мислам дека мој трансфер од Атлетико е најдобро решение за сите“, изјави Алварез. ЕСПН пренесува дека Алварез би сакал да премине во Барцелона.

Управата на Атлетико порача дека Алварез може да замине во Барцелона само со обештетување од 500 милиони евра, или нема ништо од трансферот. Алварез има договор со Атлетико до 30 јуни 2030.

 

Слични новости

Британските медиуми со остри критики за селекторот Тухел кој се повлече по водечкиот гол со Аргентина

Британските медиуми со остри критики за селекторот Тухел кој се повлече по водечкиот гол со Аргентина

Британските медиуми се бесни на тактиката на селекторот Томас Тухел кој по водечкиот гол одбра тактика да се брани, целосно ја препушти иницијативата на Аргентинците и се надеваше да не прими гол.

Аргентина во финалето на Светското првенство по пресврт против Англија

Аргентина во финалето на Светското првенство по пресврт против Англија

Во 85-тата минута по асистенција на Меси Енцо Фернадез постигна прекрасен гол од 20 метри. Во втората минута од судиското надополнување, Мекалистер шутираше и ја погоди стативата, топката се одби кај Меси кој центрираше и го пронајде Лаутаро Мартинез кој со глава и ја донесе победата на Аргентина.