Шестиот дел од хорор франшизата „Уништување“ заработи 25, 3 милиони долари во САД на отварањето на премиерниот викенд и 35 милиони долари на странските пазари за вкупна заработка од 60 милиони долари.
Зад филмот не стои големо филмско студио и е сномен со многу скромен буџет од 18 милиони долари. Се очекува „Уништување“ и во наредниот период да оставрува добри резултати, бидејќи ниту едно големо холивудско студиот нема најавено премиера на хорор филм во наредните четири недели.
Досеха франшизата „Уништување“ стигна до вкупна заработка од 800 милиони долари. Во филмот играат Амели Ив, Брендон Переа и Лин Шеј.
Слични новости
Блокбастерот на летото „Одисеја“ на два пати пиратски аплаудиран на социјалната платформа Х на Илон Маск
Првиот пиратски аплоудна филмот со слаб квалитет се појави во неделата, но беше симнат бргу откако изгенерира околу 50.000 прегледи. Но, набргу потоа, исто така на Х се појави нова пиратска верзија со подобар квалитет која ја изгледија милиони корисници.
„Одисеја“ на Кристофер Нолан надмина заработка од 600 милиони долари за помалку од две недели прикажување
„Одисеја“ само во САД заработи 123,5 милиони долари на премиерниот викенд и неочекувано високи 87 милиони долари минатиот викенд, што е пад од само 30 насто што е исклучително добро за ваков вид на блокбастер. „Одисеја“ глобално веќе има заработка од 652 милиони долари и е веќе на седмо место според заработката во 2026 година.
„Одисеја“ на Кристофер Нолан ја надмина бројката од 300 милиони заработка за само 5 дена прикажување
Акцискиот спектакл на Кристофер Нолан „Одисеја“ сниман со 70 милиметарски камери кој се прикажува и во Ајмакс кината ширум светот, продолжува да соборува рекорди. Филмот за пет дена прикажување веќе има заработка од 304 милиони долари, а 22 милиони долари заработи само во вторникот во САД.

