Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.
Надвор од САД хорор блокбастерот заработи 46,1 милион долари, за глобална заработка од исклучително успешни 109 милиони долари за филм чиј вкупен продукциски буџет изнесуваше 36 милиони долари.
Филмот доби многу лоши оценки од критиката, а Ротен томејтоус му даде само 13 проценти, што е многу полошо од оргиналниот „Петте вечери кај Фреди“ кој имаше 33 посто. Оригиналниот хорор заработи 300 милиони долари, и беше најсупешниот хорор филм во 2023 година.
Секвелот повторно го режираше Ема Тами, а во главната улога е Џош Хачерсон од оригиналниот каст.
Слични новости
Ќе се снима филм за Ози Озборн, името на актерот што ќе го игра славниот рокер се чува во тајност
Семејството Озборн, предводено од Џек Озборн и неговата сестра Еми конечно го одбра глумецот што ќе го игра легендарниот рокер и фронтмен на „Блек Сабат“ во биографски филм за Озборн на кој долго се работи.
Џенифер Лоренс вели дека ја загубила улогата во „Било еднаш во Холивуд“ затоа што не била доволно убава
Актерката Џенифер Лоренс соопшти дека не ја добила улогата на Шерон Тејт во филмот на Квентин Тарантиво „Било еднаш во Холивуд“ затоа што продуцентите на филмските студија не ја сметале за доволно убава.
„Металика“ блиску до договор за серија концерти во Сфера во Лас Вегас
Членовите на метал бендот „Металика“ се блиску до договор за серија на концерти во футуристичката арена Сфера во лас Вегас во 2027, пренесе весникот „Сан“.


