Ниско буџетниот психолошки хорор „Опсесија“ на Кари Баркер повторно се врати на првото место на американскиот Бокс офис, откако минатиот викенд приматот му беше преземен од најновото продолжение на франшизата „Страшен филм“.

„Опсесија“ е феномен, затоа што по иницијалното појавување во кино салите, во неделите подоцна, повторно почна да се искачува на Бокс офисот и сега е повторно најгледан филм во САД.

„Опсесија“ досега заработи фантастични 170 милиони долари во САД, додека надвор од Америка филмот нема таква популарност и стигна до заработка од 73 милиони долари, за вкупна заработка од 242 милиони долари. Филмот се проби и во 10-те најуспешни филмови на Бокс офисот за 2026.

Слични новости

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.

Грција: Бројката на новородени бебиња опадна за скоро 50 насто

Грција: Бројката на новородени бебиња опадна за скоро 50 насто

Грција бележи остар пад на наталитетот, па така бројот на новородени бебиња падна од 117.600 во периодот 2008-2009 на 65.000 последниве две години. Истовремено, просечната старост на родилките постојано расте и додека во 2008 изнесувала 30 години, сега изнесува 32,3 години, пишува Катимерини.