Анимираниот филм „Хоперс“ и натаму е убедливо прв на американскиот Бокс Офис, иако забележа голем пад на гледаноста во втората недела од прикажувањето во кино салите.

Хоперс викендов во САД заработи 28,7 милиони долари и стигна до заработка од 169 милиони долари, од кои 90 милиони во САД и 79 милиони долари на странските пазари.

На второ место на Бокс Офисот е драмата „Потсетување на него“ на режисерката Ванеса Касвил со Маика Монро и Тајрик Витерс. Филмот заработи 20 милиони долари на премиерниот викенд во САД и 10 милиони на странските пазари.

Во врвот на Бокс Офисот сеуште е и хоророт „Вресок 7“ кој досега заработи одлични 178 милиони долари.

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.