Јапонската компанија Хонда соопшти дека нејзината подружница во САД повлекува над 880 000 возила во Америка поради можен дефект на компонентите на задната суспензија, објави американската национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата.

Повлекувањето опфаќа одредени модели „Хонда Пјалот“, „Хонда Риџлајн“, „Хонда Паспорт“ и „Акура МДХ„, пренесе Ројтерс.

Според наводите на регулаторот, постои опасност, одредени делови од задната суспензија, вклучувајќи ја и задната контролна виљушка да откажат.

Слични новости