Американскиот министер за војна Пит Хегсет во средата ги повика сојузниците од НАТО да ги зголемат трошоците за купување американско оружје за Украина, откако извештаите покажаа остро намалување на воената поддршка за Киев во јули и август.

„Постигнувате мир кога сте силни. Не кога користите силни зборови или покажувате со прст, туку кога имате силни и реални способности што вашите противници ги почитуваат“, им рече Хегсет на новинарите пред состанокот со колегите во седиштето на НАТО во Брисел.

Хегсет ги повика сојузниците да ги зголемат инвестициите во програмата „Приоритетна листа на барања за Украина“ (PURL), која ги замени донациите за оружје од САД за Украина и бара од сојузниците да плаќаат за испораките на оружје од САД.

„Нашето очекување денес е дека повеќе земји ќе донираат уште повеќе, дека ќе купат уште повеќе за да ѝ дадат на Украина, за да го доведат овој конфликт до мирен крај“, додаде шефот на Пентагон.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека преку механизмот веќе се ветени две милијарди долари, но тоа е помалку од 3,5 милијарди долари што украинскиот претседател Володимир Зеленски се надеваше дека ќе ги обезбеди до октомври.

Шведска, Естонија и Финска ги ветија своите придонеси во средата, но земјите, вклучувајќи ги Шпанија, Италија, Франција и Велика Британија, се соочија со критики за нивната воздржаност.

Украина останува во голема мера зависна од американското оружје додека се подготвува за уште една зима на конфликт со Русија.

Килскиот институт за светска економија објави во вторник дека воената помош за Украина се намалила за 43 проценти во јули и август во споредба со првата половина од годината.

globe

Слични новости

Аеродромот во Лиеж повторно привремено затворен поради прелет на дрон

Аеродромот во Лиеж повторно привремено затворен поради прелет на дрон

Аеродромот во белгискиот град Лиеж ги продолжи летовите по привременото затвореање поради забележување дрон, соопшти националната служба за контрола на воздушниот сообраќај во петокот, што е втор ваков инцидент оваа седмица

Американскиот Сенат блокираше резолуција што ќе го спречише Трамп да ја нападне Венецуела

Американскиот Сенат блокираше резолуција што ќе го спречише Трамп да ја нападне Венецуела

Републиканците во американскиот Сенат во четвртокот блокираа резолуција што ќе го спречише претседателот Доналд Трамп да ја нападне Венецуела без одобрение од Конгресот, еден ден откако претставници на администрацијата им кажаа на пратениците дека Вашингтон нема моментални планови да ја нападне Венецуел