ХБО соопшти дека ќе снима трета сезона од нивната популарна серија „The Pitt“, неколку дена пред почетокот на емитувањето на втората сезона од серијата. Втората сезона на серијата почнува да се емитува 10 месеци по крајот на првата сезона.
Серијата која е многу фалена заради верното прикажување на настаните во медицината и предизвиците со кои се соочени медицинските работници го задржува кастот од првата сезона.
Првата сезона на серијата „The Pitt“ освои пет награди Еми, вклучувајќи и надобра серија во категоријата драма, најдобар актер Ноа Вајл и најдобра споредна женска улога ЛаНаса.
Слични новости
Стручњаците бараат построги прописи за вештачка интелигенција за деца
Стручњаците повикаа да бидат усвоени построи прописи за играчките со вештачка интелигенција наменети за мали деца, откако беше спроведено...
Актерот Кирил Поп Христов кој почина вчера, ќе биде погребан во Еквадор
Актерот Кирил Поп Христов – Кили, кој почина вчера, ќе биде погребан во јужноамериканската држава Еквадор, каде живееше околу 12 години, информираше неговото семејство.
Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“
Продуцентите на серијата „Lowdown“ во кастот на втората сезона го додадоа Оскаровецот Томи Ли Џонс, кој ќе им се придружи на Итан Хоук и Бети Гилпин. Засега не се објавуваат детали за ликот на Томи Ли Џонс во серијата.


