Ѕвездата на Мундијалот во 2014 Хамес Родригез се враќа во матичната земја Колумбија каде што ќе ја продолжи кариерата со Атлетико Насионал. Информацијата ја потврдија повеќе медиуми, како и инсајдерот Фабрицио Романо.

Родригез се враќа во татковината по цели 18 години, откако како 17 годишно момче замина од Колумбија во аргентинскиот Банфилд, а потоа во Порто и Монако.

По Мундијалот 2014 го направи трансферот на кариерата во Реал Мадрид, по што кариерата му тргна во надолна линија.

Оттогаш смени осум клубови, а во Колумбија се враќа од Минесота.

Слични новости

Четврти пораз во низа на Србија

Четврти пораз во низа на Србија

Селекцијата на Србија синоќа загуби со 2:1 на гостувањето во „Филипс“ арената во Ајндховен од Холандија во четвртото коло од Лигата на нациите. Ова беше и четврти пораз на селекторот Вељко Пауновиќ во четвртиот меч од Лигата на нациите.