Палестинската милитантна група Хамас воспостави контролни пунктови, започна размена на огин со ривалските фракции и започна да спроведува насилни казнувања на Палестинците кои ги сомничи за колаборација со Израел, пишува Фајненшал тајмс.

Во извештаите се укажува дека ова се случува непосредно откако Хамас се согласи на примирје со Израел и окончување на двегодишниот судир во Појасот Газа.

Според тврдењата на жителите на окупираната палестинска енклава, како и според безбедносните извештаи на ОН и други меѓународни организации, Хамас бргу се распореди ширум Појасот Газа за повторно да воспостави контрола и власт и да ги разреши конфликтните односи со ривалските фракции.

Отпорноста и подготвеноста на оваа милитантна група ги изненади жителите на Газа по долготрајната изложеност на Хамас на силни напади на израелската армија.

Иако поголемиот дел од израелскиот безбедносен естаблишмент е убеден дека воените капацитети на Хамас се уништени, особено способноста за производство на голем број ракети, брзото распоредување на неговите борци ширум енклавата укажува дека групата и натаму има способност да ја задржи власта во Газа, оценува Фаненшал тајмс.

Според вториот дел од планот за примирје Хамас треба да биде целосно разоружан, а безбедноста во Газа да ја одржуваат меѓународни сили.

Слични новости

Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони

Кинески авиони насочиле воен радар кон јапонски авиони

Јапонија во неделата соопшти дека кинеските борбени авиони насочиле радар за контрола на оган кон јапонски воени авиони во два „опасни“ инциденти во близина на островската група Окинава во Јапонија, тврдење што Пекинг го негираше

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

САД престанаа да ја означуваат Русија како „диркента закана“, Кремљ е задоволен

Кремљ го поздрави потегот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја ревидира својата стратегија за национална безбедност и да престане да ја нарекува Русија „директна закана“, изјави во неделата портпаролот Дмитриј Песков