Фудбалерот на Манчестер сити Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата во септември.

Норвешкиот напаѓач минатиот месец стигна до пет голови и една асистенција на три натпревари. Ова му е четврто признание за најдобар играч на месецот во Премиер лигата.

Во септември Сити на три натпревари постигна две победи со Манчесте јунајтед и Барнли, а ремизираше со Арсенал.

Менаџерот на Кристал Палас Оливије Гласнер е прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата во септември, откако неговиот тим забележа две победи против Ливерпул и Вест Хем, а ремизираше со Сандерленд.

Слични новости