Лидерот на демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Хаким Џефрис, беше номиниран за претседател на овој дом, со што се отвора патот да стане првиот Афроамериканец во историјата на САД на оваа функција.
На внатрепартиското гласање Џефрис доби поддршка од 251 демократ, додека 11 гласаа против неговата номинација. Резултатот претставува силна поддршка за актуелниот лидер на демократите, кој ја предводи партијата во Претставничкиот дом од 2022 година.
Неговиот избор сега треба да биде потврден на гласање во целиот Претставнички дом, кое е закажано за 3 јануари 2027 година, кога ќе започне новиот состав на Конгресот.
Доколку биде избран, 56-годишниот демократ од Њујорк ќе испише историја како прв Афроамериканец кој ќе застане на чело на Претставничкиот дом, една од најважните институции во американскиот политички систем.
Слични новости
Макрон бара забрана за социјалните медиуми во цела ЕУ за лица под 15 години
Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да иницира изготвување европски закон со кој ќе им се забрани на лицата под 15 години пристап до социјалните медиуми.