Бајнанс најголемата светска берза за криптовалути, соопшти дека хакери украле повеќе од 6 милијарди долари, што се смета една од најголемите кражби на криптовалути досега.
Компанијата соопшти дека издвоила повеќе од 6,34 милијарди долари од своите средства за да ги покрие украдените средства и дека започнува со нивно повраќање за корисниците.
Криптовалутната берза увери и дека средствата на корисниците се „безбедни“ и дека сите загуби ќе бидат надоместени.
ФБИ соопшти дека Северна Кореја е одговорна за нападот во кој беа украдени дигитални средства од берзата за криптовалути „Бајнанс“. Забележани биле актери на „TraderTraitor“ кои ги конвертираат украдените средства“ првенствено во етериуми.
Експертите велат дека Северна Кореја има историја на активности во областа на сајбер-криминалот, а средствата често се користат за финансирање оружје
Слични новости
Нафтата Брент околу 100 долари за барел, по новите нестабилности на Блискиот исток
Цената на меѓународната референтна нафта Брент денеска повторно се тргува за околу 100 долари за барел, откако во претходната сесија падна на 98 долари за барел.
Европските индекси во плус, нафтата Брент падна на 101 долар за барел
Денеска на берзите цената на нафтата Брент падна за 0,74 насто на 101,5 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ падна за 1.29 насто на 89,9 долари за барел.
Порастот на цената на енергентите на светските пазари ќе се рефлектира врз цената на парното во Македонија
Кога во јули се пресметувала новата цена на парното, природниот гас бил калкулиран по околу 40 евра за мегават-час. Денес берзанските цени се движат над 70 евра, а во одредени периоди достигнувале и околу 80 евра.


