Фудбалерите на Ливерпул не успејаа да стигнат до победа ниту во втроиот натпревар во 2026, откако во возбудлив меч ремизираа со Фулам на Кревен Котиџ 2:2.

Фулам поведе во 17. минута со голот на некогашниот играч на Ливерпул Хари Вилсон. Голот беше поништен поради офсајд но по интервенција во ВАР собата беше признат.

Ливерпул преку Флоријан Вирц изедначи во второто полувреме исто така со гол кој беше поништен поради офсајд, но потоа одлуката повторно беше преиначена од ВАР.

Во судиското надополнување Коди Гакпо го доведе Ливерпул во водство во 94. минута, а израмни Ред со фантастичен гол од далечина.

Слични новости

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Ивица Зубац трејдуван од Клиперси за Индијана

Хрватскиот центар Ивица Зубац на последниот ден од трејдот во НБА лигата беше разменет од Клиперси во Индијана. Клиперси за Зубац ги добија Ајзеа Џексон и Бенедикт Матурин како и два пика од првата рунда на драфтот.