Фудбалерите на Ленс се освојувачи на Суперкупот на Франција откако синоќа го победија шампионот на Франција ПСЖ со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Флоријан Тувен во 32-та минута.

Ленс играше со 10 играчи уште од 37-та минута, откако Килијан Антонио добри црвен картон во 37-та минута, а и ПСЖ натпреварот го заврши со десет фудбалери, бидејќи три минути пред крајот беше исклучен Нуно Мендеш.

Со синоќешниот триумф против актуелниот европски шампион Ленс за прв пат во историјата на клубот го освои Суперкупот на Франција.  

Слични новости

Српскиот фудбалер Филип Костиќ стана играч на ПСВ од Ајндховен

Српскиот фудбалер Филип Костиќ стана играч на ПСВ од Ајндховен

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ стана играч на холандскиот клуб ПСВ Ајндховен со кого потпиша договор до јуни 2028 година. Костиќ изјави дека откако уследила поканата да игра за холандскиот шампион немал никаква дилема и дека се чувствува пресреќно.