Фудблаерите на норвешкиот клуб Бодо се пласираа по втор пат во Лигата на шампионите, откако на домашен терен го победија холандски Нец Нејмиген со 3:0, а победија и на гостувањето со 3:1.
Голманот на гостите Гонзлао Кретаз доби црвен картон уште во 3-тата минута од мечот што му го олесни патот на вицешампионот на Норвешка.
Претходно историски пласман во Лигата на шампионите обезбеди Сахах од Азербејџан. Клубот формиран во 2017 во реваншот од плеј офот го победи Хапоел од Израел по продолженијата.
Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите ќе се одржи во четврток во 18 часот во Монте Карло.
Слични новости
Харви Барнс потпиша нов договор со Њукасл
Англискиот фудбалер Харви Барнс потпиша нов долгорочен договор со клубот, соопшти Њукасл. 28 годишниот Барнс е член на Њукасл од 2023 и досега за клубот има одиграно 120 натпревари на кои има постигнато 30 голови и 14 асистенции.
Фудбалскиот судија Славко Винчиќ кој го судеше финалето на Мундијалот ја заврши кариерата
Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ ја заврши судиската кариера, соопшти Фудбалскиот сојуз на Словенија. Винчиќ кој има 56 години, пред осум дена го судеше финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина
ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот
Меѓународната фудбалска федерација ФИФА го соопшти иделаниот тим на Мундијалот во кој Шпанија има најмногу фудбалери тројца, а по два фудбалери имаат Франција и Аргентина.


