Фудблаерите на норвешкиот клуб Бодо се пласираа по втор пат во Лигата на шампионите, откако на домашен терен го победија холандски Нец Нејмиген со 3:0, а победија и на гостувањето со 3:1.

Голманот на гостите Гонзлао Кретаз доби црвен картон уште во 3-тата минута од мечот што му го олесни патот на вицешампионот на Норвешка.

Претходно историски пласман во Лигата на шампионите обезбеди Сахах од Азербејџан. Клубот формиран во 2017 во реваншот од плеј офот го победи Хапоел од Израел по продолженијата.

Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите ќе се одржи во четврток во 18 часот во Монте Карло.  

Слични новости

Српскиот фудбалер Филип Костиќ стана играч на ПСВ од Ајндховен

Српскиот фудбалер Филип Костиќ стана играч на ПСВ од Ајндховен

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ стана играч на холандскиот клуб ПСВ Ајндховен со кого потпиша договор до јуни 2028 година. Костиќ изјави дека откако уследила поканата да игра за холандскиот шампион немал никаква дилема и дека се чувствува пресреќно.