Еден од капитените на Барцелона Френки де Јонг отворено се спротивстави на одлуката натпревар од шпанската Ла лига да се игра на американска територија. УЕФА и Ла Лига неделава се договорија натпреварот меѓу Виљареал и Барцелона да се игра на „Хард рок“ стадионот во Мајами.

„Не ми се допаѓа што одиме да играме таму и не се согласувам со оваа одлука. Едноставно, тоа не е фер за натпреварувањето. Сега натпревар во гости ќе одиграме на неутрален терен. Тоа не е во ред и сметам дека тоа не е добро за играчите. Разбирам дека тимовите добиваат пари за тоа, но тоа не е фер“ изјави Френки Де Јонг.

Претходно шпанскиот сојуз потврди дека полуфиналињата на шпанскиот куп Барцелона-Атлетик Билбао и Реал -Атлетико Мадрид, како и финалето ќе се играат во Саудиска Арабија во градот Џеда.

Слични новости

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Атина

Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на тенискиот турнир во Атина

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска во финалето на тенискиот турнир во Атина ќе се бори за својот 101-ви трофеј во кариерата, откако во полуфиналето го совлада германскиот тенисер Јаник Ханфман со 2:0 во сетови