Францускиот премиер Себастијан Лекорну веројатно ќе преживее две гласања за недоверба во парламентот во четврток, откако понуди да ја суспендира пензиската реформа за да добие поддршка од левицата.
Лекорну, премиерот со најкраток мандат во Франција во модерното време пред да биде повторно назначен минатата седмица, се соочи со можноста за уште пократок втор мандат сè додека не направи отстапки за пензиската реформа во вторник.
Социјалистите, кои го држат клучот за политичкиот опстанок на Лекорну, го поздравија потегот, велејќи дека нема да поддржат два предлога за недоверба што треба да се гласаат во четврток, едниот од крајната левица а другиот од крајно десничарското Национален собир.
И покрај понудата на Лекорну да ја одложи реформата до по претседателските избори во 2027 година, се очекува резултатот да биде тесен, при што потенцијалните бунтовници од редовите на социјалистите или конзервативните Републиканци фрлаат сомнеж врз резултатот.
Француските социјалисти во средата објавија можно вклучување на данок на милијардерите во буџетот за 2026 година, додека во парламентот започнаа дискусиите за неговото усвојување.
Во парламентот има 265 претставници кои изјавија дека ќе гласаат за соборување на Лекорну, а потребни се 289 гласови за тој да се отстрани од функцијата.
Со суспендирање на пензиската реформа, Лекорн се заканува да го поткопа еден од главните економски потези на претседателот Емануел Макрон во време кога јавните финансии на Франција се во опасна состојба, оставајќи го претседателот со малку домашни достигнувања по осум години на власт.
Франција се наоаѓа среда својата најлоша политичка криза последните децении, бидејќи низата малцински влади се обидуваа да ги протуркаат буџетите за намалување на дефицитот преку законодавниот дом жестоко поделен на три различни идеолошки блока.
Слични новости
Трамп ја изостави Северна Кореја во својата безбедносна стратегија, можно обновување на дипломатијата
Новиот план на американскиот претседател Доналд Трамп за глобална безбедност повеќе не вклучува денуклеаризација на Северна Кореја, што ги поттикнува шпекулациите дека Вашингтон се стреми да ги зголеми шансите за дипломатски напредок со Пјонгјанг во 2026 година
Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X го затвори рекламниот профил на ЕК
Два дена откако Европската унија изрече голема казна на платформата X, социјалната мрежа ја затвори својата рекламна сметка на Европската комисија, а сопственикот Илон Маск ја спореди Унијата со нацистичка Германија
Нетанјаху: Израел ќе остане во тампон-зоната во јужна Сирија
Израел има намера да остане во тампон-зоната во јужна Сирија, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со израелските амбасадори, според извештаите на локалните медиуми


