Репрезентацијата на Франција синоќа ја победи Норвешка со 4:1 во дуел кој решаваше кој ќе биде прв во групата И. Триколорите со оваа победа како првопласирани изборија пласман во 16-на финалето, а Норвешка исто така е пласирана во нокаут фазата како втора.
Хет-трик за Франција постигна Усман Дембеле, а еден гол даде и Дезире Дуе, додека стрелец за почесниот гол на Норвешка беше Асгард.
Норвешка играше со комплетно втора постава против Франција и ги чуваше своите првотимци за нокаут фазата. Норвешка во нокаут фазата ќе игра против Брегот на слоновата коска.
Слични новости
Де ла Фуенте: Шпанија има златна генерација на фудбалери
Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте изрази гордост за фудбалерите што ги предводеше на СП 2026 на кое ја поразија Аргентина во финалето со 1:0 и по вторпат се искачија на планетарниот трон.
Златната топка за Родри, Симон најдобар голман, Кубарси најдобар млад фудбалер
Капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија Родри е добитник на наградата „Златна топка“ за најдобар фудбалер на Мундијалот. Играчот за врска на Шпанија изигра особено квалитетно во полуфиналето и финалето против Франција и Аргентина, кога средниот ред на Шпанците убедливо ги надигра противниците.
Шпанија стана Светски шампион во фудбал
Синоќа во Њујорк заврши Светското првенство во фудбал, а нов светски првак е Шпанија која во финалето сосема заслужено ја победи Аргентина со 1:0 во продолженијата. Стрелец на победничкиот голот беше Феран Торес во 106-тата минута


