Неколку градови во југозападниот дел на Франција повторно се под опасност од шумски пожари. Властите најавуваат можна евакуација на 200.000 жители.
Иако кон крајот на минатата недела се чинеше дека ситуацијата е под контрола, екстремните температури и силниот ветар во деновите од викендот ја влошија ситуацијата на терен.
Пожарникарите во Франција и во Шпанија, но и Италија, Грција и Албанија со недели се борат со пожари кои уништија стотицви илјади хектари земја.
Слични новости
Студентите во Србија влегуваат во изборната трка
Студентското движење во Србија, кое речиси две години предводи антивладини протести и официјално ја поднесе својата изборна листа за предвремените парламентарни избори на 25 октомври.
ЦДУ победи на локалните избори во Долна Саксонија, АФД трета
На локалните избори одржани во неделата на кои право на глас имаа 6,3 милиони избирачи ЦДУ освои 27,2 насто од гласовите, СПД 24,6, додека АФД освои 15,9 насто од гласовите, пренесува денеска „Шпигел“.
Трамп: САД може да останат во Иран и да ја задржат нафтата како во Венецуела
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави дека САД би можеле да останат во Иран и да ја „задржат нафтата“, како во случајот со договорите со Венецуела.


