Годишната стапка на инфлација во Франција порасна во февруари од јануарските 0,3 на 1 насто, пред се поради ефектот на ниската база на цената на струјата во минатата година, објави францускиот институт за статистика и економски истражувања.

Институтот напоменува дека цените на енергентите во февруари паднаа за 3 насто меѓугдишно, многу поспоро во однос на јануарските 7,6 насто, што придонесе за растот на вкупната инфлација, пренесува „Фигаро“.

Цените на храната во Франција пораснаа за 2,1 насто, а цените на услугите за 1,8 насто, што е благо зголемување во однос на јануари.

Слични новости

Нов штрајк во „Луфтханза“

Нов штрајк во „Луфтханза“

Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.