Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека владата ќе ја забрза правната постапка за да се донесе закон пред почетокот на школската година во септември со кои ќе се воведе забрана за користење на социјални мрежи за малолетници под 15 години.

„Мозоците на нашите деца и на тинејџерите не се на продажба. Не може да се манупулира со нивните емоции, ниту со американските платформи, ниту со кинеските алгоритми“ порача Макрон.

Иницијативата на Париз е дел од поширок тред меѓу западните држави кои настојуваат со законски мерки да ги заштитат малолетниците од потенцијално штетните влијанија на социјалните мрежи.

 

Слични новости

Засилена безбедноста за Оскарите по иранските закани за напад врз Калифорнија

Засилена безбедноста за Оскарите по иранските закани за напад врз Калифорнија

Продуцентите на спектаклот на доделувањето на наградите Оскар што ќе се одржи во недела вечер во Холивуд изјавија дека „сакаат сите да се чувствуваат безбедни и заштитени“ на церемонијата, откако ФБИ предупреди дека Иран планира да ја нападне Калифорнија со дронови.