Рускиот претседател Владимир Путин излегува како ефикасен победник од судирот во Украина, оценува колумнистот на „Форин Полиси“ Мајкл Хирш. Како клучни аргументи за таквата оценка тој го наведува напредувањето на руската војска, како и се позиразениот раскол кај западните земји.
Хирш потсетува дека западните стратези во текот на претходните години однапред ја отпишаа Русија како губитник, припишувајќи ги за себе заслугите за ширењето на НАТО и долготрајната воена и финансиска поддршка на Украина.
Меѓутоа, како што истакнува, исходот на теренот и политичката динамика кај западниот блок укажуваат на спротивен тренд. Путин успеа во многу поширока цел, а тоа е да го ослаби западот, односно земјите на НАТО, а токму тоа беше неговата примарна стратегиска цел, нагласува Хирш.
Според неговата анализа расколот кај западните земји стана особено видлив во последните недели, кога дипломатските напори предводени од американскиот претседател Доналд Трамп, наместо единствен пристап, доведоа до какафонија на хаотични обвинувања меѓу САД и западните сојузници.
Авторот укажува и на дополнително продлабочување на јазот по јавните истапи на Трамп во кои ја оцени Западна Европа како слаба и во распаѓање, со отворени пораки дека Украина во рамките на решението на судирот ќе мора да и го отстапи Донбас на Русија.
Слични новости
Загинаа осум луѓе во три одвоени лавини во Австрија
Осум лица загинаа во три одвоени лавини во Австрија, соопштија спасувачки служби и полицијата. Седум лица беа затрупани од лавина на врвот Финстеркоф, висок 2.150 метри, во покраината Салцбург
Санчез: Инвазија на САД на Гренланд би го направила Путин најсреќен човек на планетата
Санчез предупреди дека секоја воена акција на САД против големиот дански арктички остров ќе направи сериозна штета на НАТО и ќе даде легитимитет на руската агресија на Украина.
Расмусен: Ако САД употребат сила на Гренланд, тоа ќе биде крај на светскиот поредок каков што го знаеме
Расмусен, кој е поранешен генерален секретар на НАТО, изјави за „Фајненшл тајмс“ дека Трамп користел јазик за Гренланд сличен на оној што го користат „гангстерите“ во Русија и Кина, кои треба да се обиде да ги контролира.


