Американскиот автомобилски гигант Форд реши да ги врати на работа искусните инженери, откако се покажа дека вештачката интелигенција не може да парира на нивните вештини и децениското искуство, објави Би Би Си.

Во желба да ја подигне продуктивноста и да ги намали трошоците компанијата претходно воведе вештачка интелигенција во повеќе сектори, вклучувајќи ја и контролата на квалитетот.

Но, реалноста на фабричката лента набрзо ги демантираше големите очекувања од автоматизацијата и вештачката интелигенција.

Форд повторно вработи над 300 инженери за да ги исправи пропустите на автоматизираните системи.

Слични новости

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Лековите за дијабетес да не се користат за слабеење

Користењето на лекови наменети за лечење на дијабетесот, како Оземпек или Вигови, заради губење на килограми може да имаат негативни последици, а телесната тежина ќе се врати доколку по престанокот на пиењето на лековите не се води сметка за исхраната.

Грција: Бројката на новородени бебиња опадна за скоро 50 насто

Грција: Бројката на новородени бебиња опадна за скоро 50 насто

Грција бележи остар пад на наталитетот, па така бројот на новородени бебиња падна од 117.600 во периодот 2008-2009 на 65.000 последниве две години. Истовремено, просечната старост на родилките постојано расте и додека во 2008 изнесувала 30 години, сега изнесува 32,3 години, пишува Катимерини.