Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека соборувањето на руските авиони кои влегуваат во воздушниот простор на НАТО и Европската унија е опција која се разгледува.
„Моето мислење е дека мораме да го браниме секој сантиметар на територијата, а тоа значи дека ако дојде до упад во воздушниот простор, по предупредување, опцијата за соборување на борбениот авион е на маса“, изјави Дон дер Лајен во интеврју за Си Ен Ен.
Претседателката на ЕК смета дека Русија ја тестира Европа на сите полиња. „Тоа е хибридна војна која ја доживуваме веќе многу години, а кој Русија го води против демократиите на ЕУ и на другите земји.
И затоа ние се бориме на сите тие различни полиња. Ова е одлука на НАТО, но јас би била многу јасна, не ја чепкајте нашата територија“, порача фон дер Лајен.
Американскиот претседател Трамп во вторникот за време на состанокот со украинскиот претседател Зеленски рече дека земјите на НАТО треба да ги соборуваат руските авиони кои влегуваат во нивниот воздушен простор.
Полска и Романија пријавија повреди на својот воздушен простор од руски авиони, што го наведе НАТО да подигне борбени авиони како одговор.
Естонија исто така соопшти дека три руски воени авиони навлегоа во нивниот воздушен простор што беше демантирано од Москва.
Слични новости
Трамп нелегално ја испратил Националната гарда во Портланд
Одлуката на американскиот окружен судија Карин Имергут е првата што трајно го блокира користењето на воена сила од страна на Трамп за задушување на протестите против имиграциските власти.
Москва бара појаснување од САД за нуклеарните тестови
Русија во петокот ги повика САД да разјаснат, како што ги нарече, контрадикторни сигнали за продолжување на нуклеарните тестови, велејќи дека таков чекор би предизвикал сериозни реакции од Русија и други земји
Аеродромот во Лиеж повторно привремено затворен поради прелет на дрон
Аеродромот во белгискиот град Лиеж ги продолжи летовите по привременото затвореање поради забележување дрон, соопшти националната служба за контрола на воздушниот сообраќај во петокот, што е втор ваков инцидент оваа седмица


