Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска порача дека ЕУ треба да биде „понезависна“ во сите димензии кои влијаат врз безбедноста и просперитетот, вклучувајќи ги одбраната, енергетиката, економијата, трговијата, суровините и дигиталните технологии.

Таа рече дека Европа е соочена со „шок терапија“ во поглед на безбедноста и дека се буди по децениски затишја, поради заканите на надворешни сили кои се обидуваат да ја ослабнат ЕУ одвнатре, пренесува Гардијан.

Едновремено, таа порача дека силна и независна Европа не значи послаби врски со САД, туку дека тоа ќе го зајакне трансатлантскиот сојуз.

Слични новости

Расмунсен: НАТО без Америка не значи ништо

Расмунсен: НАТО без Америка не значи ништо

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмунсен оцени дека НАТО без учество на САД „не значи ништо“, укажувајќи дека европските земји и натаму го голема мерка се потпираат врз САД кога станува збор за безбедноста.