Европските челници кои ја поддржуваат Украина како дел од таканаречената „Коалиција на волните“ инсистираа на продолжување на санкциите против Русија за време на видео-повикот со американскиот државен секретар Марко Рубио во вторникот, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Бидејќи притисокот е единствениот јазик на кој реагира Русија, ние ќе продолжиме да го зголемуваме сè додека не се појави искрена подготвеност за ангажирање на кредибилен пат кон мир“, рече фон дер Лајен во објава на платформата за социјални медиуми X.

Додаде дека коалицијата ќе продолжи да ја поддржува Украина и дека фокусот на разговорите е на финансирањето на Украина, што вклучува користење на замрзнати руски средства во странство за што сепак има остар отпор во ЕУ, особено од Белгија каде се депонирани најголемиот дел од запленетите руски активи.

На состанокот на кој копретседатели беа францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, лидерите одлучија да формираат работна група составена од претставници од САДи земјите-членки на коалицијата за „зајакнување“ на безбедносните гаранции, изјавија француски претставници за новинарите.

Коалицијата ќе формира работна група предводена од Франција и Велика Британија, во тесна соработка со Турција и, првпат со САД, за да ги утврди деталите за безбедносните гаранции за Украина откако ќе се постигне мировен договор, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на прес-конференција по состанокот.

„Во текот на следните неколку дена, ќе ги финализираме придонесите на секоја страна и ќе ги финализираме овие безбедносни гаранции. Ова е од суштинско значење за Украинците, од суштинско значење за преговори за кредибилен мир и одржување на притисокот врз Русија“, рече тој.

Макрон рече дека Франција, исто така, ќе финализира со другите земји-членки на Европската унија решение за финансиска поддршка за Украина со користење на замрзнати руски средства.

„Ќе го финализираме ова во наредните денови во координација со сите најзасегнати европски земји и, секако, со Европската Унија и Европската комисија, решение што ќе обезбеди финансирање, ќе ѝ даде видливост на Украина и ќе го одржи овој притисок“, рече Макрон.

Украина во вторникот посочи дека е подготвена да ја поддржи рамката на мировниот договор со Русија, но нагласи дека чувствителните прашања сè уште треба да се решат на состанокот меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп.

globe

Слични новости

Расмусен: Ако САД употребат сила на Гренланд, тоа ќе биде крај на светскиот поредок каков што го знаеме

Расмусен: Ако САД употребат сила на Гренланд, тоа ќе биде крај на светскиот поредок каков што го знаеме

Расмусен, кој е поранешен генерален секретар на НАТО, изјави за „Фајненшл тајмс“ дека Трамп користел јазик за Гренланд сличен на оној што го користат „гангстерите“ во Русија и Кина, кои треба да се обиде да ги контролира.