Бројни неправилности утврдиле контролите на ФЗО во Министерството за внатрешни работи. Се проверувале 80 службеници во МВР кои имале отворено вкупно 514 боледувања.
Од нив утврдени се нерегуларности кај 29 службеници и спорни 100 боледувања од вкупно 236.
Проблематичните често менувале матични лекари, недостасувале клучни документи како рентген снимак за ишијас или лумбаго итн. Дел од нив објавувале и слики од странство на социјалните мрежи додека се на боледување.
ФЗО ги пријави спорните дијагнози во Внатрешната контрола во МВР, по чие барање и се спроведе контролата, која понатаму ќе треба да одлучи за казните на прекршителите.
Слични новости
„Безбеден град“ драстично ги намали прекршоците
На првиот ден од официјалното функционирање на системот регистрирани се околу 500 сообраќајни прекршоци, што е огромно намалување во однос на почетокот на тест периодот.
Скопскиот градоначалник објави видео како ќе изгледа првата фаза од булеварот „Македонија“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од булеварот „Македонија“ чија изградба почна вчера и се очекува првата фаза да биде реализирана во рок од 90 дена.
Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови сведоци
Сведоците посочија дека во „Пулс“ немало видливи противпожарни апарати, дека единствениот излез бил главниот влез и дека кратко пред пожарот полицијата вршела контрола, но не реагирала на пиротехниката која била користена без одобрение.