Светската фудбалска асоцијација ФИФА во вторникот одговори на критиките за високите цени на влезниците за Светското првенство во 2026 година со воведување нова ценовна категорија од 60 долари, која ќе биде достапна за сите 104 натпревари, вклучувајќи го и финалето.
Влезниците од новосоздадената категорија цени „навивачкото ниво“ ќе им бидат доделени на националните асоцијации за поединечни натпревари во кои ќе играат нивните селекции. Се очекува овие асоцијации да ги стават билетите на располагање на „лојалните навивачи кои имаат блиска врска со своите национални тимови“, се вели во официјалното соопштение.
Овој потег доаѓа откако навивачите беа шокирани и налутени од цените што се движеа од 120 до 265 долари за натпреварите од групната фаза, додека ценовниот опсег за финалето, што ќе се игра на 19-ти јули во Ист Радерфорд, Њу Џерси, е од 4.185 до 8.680 долари.
За споредба, кога САД беа домаќини на Светското првенство во 1994 година, цените на влезниците се движеа од 25 до 475 долари. На последното Светско првенство, во 2022 година во Катар, цените се движеа од 70 до 1.600 долари откако беа објавени репрезентациите коишто ќе играат на поединечние натпревари.
ФИФА доби повеќе од 20 милиони барања за влезници за време на она што го нарекува „фаза на продажба по случаеин избори“, која започна минатиот четврток откако беше потврден распоредот на натпреварите, кои ќе се играат во Мексико и Канада, покрај САД.
Фазата на продажба трае до 13-ти јануари, а оние што ќе го добијат правото на купување ќе бидат известени во февруари.
Слични новости
Крај на кариерата на Линдзи Вон
Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено
Се повреди стоперот Жаке кој Ливерпул го купи за 72 милиони евра
Медиумите пишуваат дека Жаке најверојатно ќе мора да оди на операција, а потоа и на повеќемесечна рехабилитација. Тој беше планиран како големо засилување во срцето на одбраната на Ливерпул за сезоната 2026/2027.
Кем Томас од Бруклин во Милвоки
Досегашниот кошаркар на Бруклин Кем Томас стана нов играч на Милвоки Бакс, пренесе американската телевизија ЕСПН


