Потомците на последниот австроунгарски цар Карло Први соопштија дека јавно ќе ја изложат колекцијата на царски скапоцености кои беа сокриени во Канада за време на Втората светска војна, вклучувајќи го и прочуениот фирентински дијамант за кој се веруваше дека е загубен.

Оваа колекција на накит, царското семејство тајно го чувала во трезорот на канадската банка. По Првата светска војна, кога Австрија стана република, царското семејство е протерано од земјата, а поголемиот дел од семејниот имот е конфискуван.

Само неколку лични работи, вклучувајќи го и семејниот накит на царското семејство се прогласени за приватна сопственост и се пренесени во Швајцарија, додека официјалниот царски накит остана во Виена каде што е изложен и ден денес.

Последниот австроунгарски цар Карло Први им нареди на своите потомци од безбедносни причини да ги чуваат семејните скапоцености во тајност, најмалку 100 години.

Во приватната царска колекција се наоѓа и прочуениот фирентински жолт дијамант, кој некогаш беше еден од најголемите полирани скапоценсти на светот, некогашна сопственост на големиот војвода Тоскана во Фиренци, поради што е наречен фирентински дијамант.  

Слични новости

Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот

Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот

Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.

Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис

Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис

Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.