ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К. (46) и Л.К. (54), двајцата од Прилеп за „злоупотреба на службената положба и овластувања“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

 Првопријавениот во својство на финансов директор во АД „Тутунски комбинат Прилеп“ –  со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот вршел прием на невистинити фактури од фирмата на второпријавениот за наводно извршени услуги .

 Потоа ги задолжувал вработените во сметководство испратниците да ги евидентираат како обврски во книговодствената евиденција на АД „Тутунски комбинат Прилеп“, по што ги одобрувал за исплата, без притоа наведените услуги да бидат извршени ниту да бидат евидентирана во интерниот систем на нарачки на АД „Тутунски комбинат Прилеп“.

Слични новости

Ноќеска запален автомобил на судијата Ѓоко Ристов

Ноќеска запален автомобил на судијата Ѓоко Ристов

Ноќеска целосно изгоре патнички автомобил „пасат“ со скопски регистарски ознаки во скопската населба Тафталиџе, при што пожарот оштети уште две возила и деловен објект.Aвтомобилот бил во сопственост на судијата Ѓоко Ристов, соопшти МВР.