ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К. (46) и Л.К. (54), двајцата од Прилеп за „злоупотреба на службената положба и овластувања“, „фалсификување службена исправа“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.
Првопријавениот во својство на финансов директор во АД „Тутунски комбинат Прилеп“ – со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот вршел прием на невистинити фактури од фирмата на второпријавениот за наводно извршени услуги .
Потоа ги задолжувал вработените во сметководство испратниците да ги евидентираат како обврски во книговодствената евиденција на АД „Тутунски комбинат Прилеп“, по што ги одобрувал за исплата, без притоа наведените услуги да бидат извршени ниту да бидат евидентирана во интерниот систем на нарачки на АД „Тутунски комбинат Прилеп“.
Слични новости
Сиљановска-Давкова ја пречека претседателката на Индија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава.
Останува во сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод
Забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна останува во сила, се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност.
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.


