Документарниот филм „Меланија“ кој студиото Амазон МГМ го откупи за 75 милиони долари доби катастрофални оценки од критиката.

Дејствието на филмот е последните 20 дена пред втората инаугурација на Доналд Трамп како претседател и нејзините подготовки за враќање во Белата куќа. Филмот викендов се прикажува во 1.500 кино сали ширум Америка.

„Холивуд рипортер“ го оцени филмот како скапа пропаганда со толку невкус што од непријатност би поцрвенела Северна Кореја.

„Атлантик“ смета дека филмот е „срамота“ и дека нема допирна точка со документарец туку е обичен рекет.

Претходно Џими Кимел изјави дека Амазон МГМ не платил цена од 75 милиони долари за филмот, туку поткуп !

„Гардијан“ го оцени филмот како „ѓубре“, а „Дејли бист“ е со оценка дека филмот е ужасен и одвратен. „Индипендент“ оцени дека појавата на Меланија нема апсолутно никаква харизма и дека таа е чисто ништо !

 

 

Слични новости