„Една битка по друга“ ја освои наградата на филмските критичари за најдобар филм во 2025. Режисерот на филмот Пол Томас Андерсон ја освои наградата за најдобра режија.
„Грешници“ освои четири награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобар кас и ансамбл, Рајан Куглер ја освои наградата за најдобро сценарио, а Лудвиг Горансон за најдобра музика за филм.
Во актерските категории Тимоти Шаламе беше прогласен за најдобар актер за улогата во „Марти Суприм“, а Џеси Бакли ја освои наградата за најдобра актерка во главна улога за „Хамнет“. Џејкоб Елорди беше прогласен за најдобар актер во споредна улога за „Франкештајн“, а Ејми Мадиган за „Вепонс“.
За најдобро ток-шоу беше прогласено шоуто на „Џими Кимел во живо“.
Слични новости
Пол Томас Андерсон фаворит за освојување на трите важни Оскари
Познатиот режисер е фаворит за освојување на наградите за најдобар филм, најдобар режисер и најдобро сценарио, а доколку успее, ќе стане само 12-тиот режисер кому тоа му успеало
Серијата „Младиот Шерлок“ на Гај Ричи со лоши критики
Холивуд Рипортер оценува дека ликот на Шерлок кој го прикажува Гај Ричи, заснован врз книгите на Ендрју Лејн, речиси и да нема допирни точки со ликот на славниот детектив од романите на Артур Конан Дојл
Голема конкуренција кај рок легендите за годинешниот прием во „Куќата на славните“
Меѓу номинираните се британскиот бенд „Оејзис“ „Џој Дивижн“ и Њу Ордер“ кои се всушност ист бенд и се всушност еден кандидат, Мараја Кери, „Ајрон Мејден“, Били Ајдол, Фил Колинс и Шаде.


