Годинава отварањето на престижниот филмски фестивал во Кан ќе биде на 12 мај, а домаќин на церемонијата на отварање на фестивалот ќе биде актерката Еје Хаидара. Канскиот фестивал ќе го отвори „Електричната авенија“ романтична комедија во периодот од 20-тите години на минатиот век во Париз.

Фестивалот соопшти дека 11-тиот филм на режисерот Салвадори е бурлескна романтична комедија со дози на популарна забава и спиритуализам.

Режисерот Салвадори рече дека е почестен што фестивалот ќе биде отворен со негов филм и дека Кан го прославува сето она што тој го сака во кинематографијата.

Фестивалот во Кан годинава ќе трае од 13-26 мај.

Слични новости

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

За утре е закажана официјалната премиера на биопикот за кралот на попот Мајкл Џексон „Мајкл“,а на социјалните медиуми веќе почна лудилото дека кралот на попот се вратил. Филмот ќе биде достапен низ кино салите ширум светот од 24 април.