Студиото Ворнер Брос се очекува да ги има двата најпосетени филма во кино салите за Велигден, а за првото место ќе се борат премиерата на филмот „Грешници“ на Рајан Куглер, со Мајкл Б. Џордан и „Мајнкрафт“ кој се прикажува во кината веќе трета недела.
Проекциите на Ворнер се дека „Грешници“ ќе заработи околу 40-ина милиони долари во премиерниот викенд затоа што станува збор за филм кој е означен како Р.

Филмот се одвива во епоха, во 30-тите години од минатиот век, а во него се појавуваат и вампири, додека сругите студија прогнозираат дека филмот можеби ќе заработи и над 50 милиони долари.
Режисерот Рајан Куглер стана познат со филмовите „Црниот пантер“ и „Крид“, а филмот доби извонредни 99 насто од „Ротен томејтоус“.
Мајнкрафт продолжува со извонредната заработка на Бокс офисот, а овој викенд се очекува да заработи меѓу 40 и 45 милиони долари само во САД, со што филмот ќе надмине 300 милиони долари заработка во САД и 600 милиони долари глобално.
Слични новости
Голем успех на „Грешници“ втора недела по ред на Бокс офисот
Грешници“ на Рајан Куглер со Мајкл Б. Џордан во главната улога, во вториот викенд на прикажување се очекува да заработи меѓу 42 и 44 милиони долари. Само во петокот филмот заработи 13 милиони долари.
Зошто се уништува папскиот прстен по неговата смрт
Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи, ќе биде уништен по погребот на папата Франциск во согласност со вековната традиција. Прстенот кој потекнува од 13 век и го носи името по првиот папа Свети Петар, Франциск го носеше за време на својот 12 годишен понтификат на церемониите.
Дресот на Коби Брајант продаден за седум милиони долари
Дресот на Коби Брајант за предсезоната и дебито во регуларната сезона со Лос Анџелес Лејкерс беше продаден за седум милиони долари