Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку објава на социјалната мрежа X оцени дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за првпат јавно изнела ставови кои, според него, СДСМ и граѓанскиот „Фронт за вистина и правда“ ги застапуваат подолг период.

Филипче ја коментираше изјавата на Сиљановска-Давкова дека Македонија треба да се европеизира преку реформи и владеење на правото, а не преку историски и идентитетски дебати, нагласувајќи дека историските спорови со Бугарија не се дел од европските услови за продолжување на преговорите.

„По прв пат некој од ВМРО јавно го кажува она што ние во СДСМ, а сега и во големиот граѓански фронт, го повторуваме веќе долго време. Историските спорови со Бугарија и работата на Историската комисија не се дел од условите за продолжување на преговорите со Европската Унија. Тоа е билатерално прашање меѓу Македонија и Бугарија, а не европски услов“, напиша Филипче.

Слични новости

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.