Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција од партиското седиште изјави дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победил во три општини, а води уште во девет.

Тој ги повика граѓаните за помасовна излезност во вториот круг.

-Од досега пристигнатите резултати од локалните избори СДСМ во првиот круг победи во три општини – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Од преброените близу 70 отсто од гласовите водиме во уште девет општини, тоа се Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Конче, Крушево, Лозово и Ранковце и таму ќе има втор изборен круг. И дополнително уште неколку општини каде што сме на второ место – Неготино, Виница, Демир Капија, Зрновци… рече Филипче.

По прогласувањето на резултатите од локалните избори лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека не планира да поднесе оставка, иако не е постигнат посакуваниот изборен резултат, но, како што оцени, „резултатот не е лош со оглед на околностите“.

Дополнително, Филипче посочи дека во добар дел од општините СДСМ има зголемување на бројот на гласови во однос на ланските парламентарни и на претседателските избори.

„ Тоа е доказ на таа консолидација којашто започна изминатите месеци во партијата – процес на кој интензивно ќе работиме во следниот период. Апелирам граѓаните да излезат масовно на гласање во вториот круг. Битно е избраните градоначалници да имаат легитимитет од што поголем број граѓани“, рече Филипче.

Резултатот, според Филипче, е доказ за консолидација на партијата којашто започна изминатите месеци.

На директно прашање дали планира да поднесе оставка од партиската функција, Филипче одговори:

„ Не. Планирам да продолжам да работам на консолидирање на партијата. Има огромен број луѓе до кои нашите пораки допираат и навистина ова е еден почеток“, рече Фипче.

globe

Слични новости

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

АХВ до крајот на декември ќе ја спроведе кампањата за вакцинација на лисиците и дивите карнивози против беснило

Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември почна со втората годинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило