Нема да бидеме алиби за предвремени избори на премиерот, Христијан Мицкоски – изјави денеска на прес конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
„Очигледно е дека единствениот параметар кој него го тера да бара избори е тоа што повеќе нема пари во буџетот за неговите криминални тендери. Локално нема ниту еден резултат“, рече Филипче.
Тој обвини дека „сѐ во државата е застанато, дека луѓето немаат пари, а долговите кон компаниите се огромни“.
„За Европа повеќе никој не ни зборува, останавме слепо црево на Балканот“, реагира Филипче.
Тој истакна дека Левица се согласува на избори, додека како што рече, бара обединување на опозицијата.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
