Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, побара министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска да поднесе оставка, а Обвинителството да отвори истрага за неа и за премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот со Алта банка. Филипче побара во истрагата да се вклучи и Европското обвинителство, со цел да се провери текот на сите пари поврзани со банката.
Филипче тврди дека Владата, на предлог на министерката Кочоска, на седница одржана на 23 септември 2025 година донела заклучоци поврзани со понудата на „Алта банка“ АД Белград за преземање акции од 16 јавни институции.
Не само што била информирана, туку Владата на Мицкоски токму на предлог на Кочовска носела Заклучоци директно поврзани со понудата за преземање акции од страна на Алта Банка АД Белград.
Лидерот на СДСМ ги обелодени и записниците од седницата на владата каде што се гледа дека министерката Димитриеска-Кочоска доставила предлог за прифаќање или одбивање на понудата за преземање на акции од Алта банка.
Слични новости
АЛТА банка Битола соопшти дека е ликвидна и работи во вообичаен режим
АЛТА банка АД Битола информира дека е ликвидна и продолжува со редовно и непречено работење, во услови на актуелните случувања поврзани со АЛТА банка во Република Србија.
Полицијата спроведува обемна акција за сузбивање финансиски криминал во здравството
Полицијата врши претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово во рамки на истрага за сомневања за финансиски криминал поврзан со приватна здравствена установа и вработени во Фондот за здравствено осигурување.
ЦГК објави дека во 2025 за локални тендери биле потрошени рекордни 356 милиони евра
Вредноста на општинските тендери во изборната 2025 година се зголемила речиси двојно во однос на претходната година и изнесувала колку во претходните две години заедно.


