Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, побара министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска да поднесе оставка, а Обвинителството да отвори истрага за неа и за премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот со Алта банка. Филипче побара во истрагата да се вклучи и Европското обвинителство, со цел да се провери текот на сите пари поврзани со банката.

Филипче тврди дека Владата, на предлог на министерката Кочоска, на седница одржана на 23 септември 2025 година донела заклучоци поврзани со понудата на „Алта банка“ АД Белград за преземање акции од 16 јавни институции.

Не само што била информирана, туку Владата на Мицкоски токму на предлог на Кочовска носела Заклучоци директно поврзани со понудата за преземање акции од страна на Алта Банка АД Белград.

Лидерот на СДСМ  ги обелодени и записниците од седницата на владата каде што се гледа дека министерката Димитриеска-Кочоска доставила предлог за прифаќање или одбивање на понудата за преземање на акции од Алта банка.

Слични новости

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарија враќа 19 тони македонски јаболка

Бугарската агенција за безбедност на храната забранила увоз на пратка од 19.350 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестициди над максимално дозволените законски граници.