Граѓаните треба на референдум да одлучат дали сакаат рудници во близина на своите домови, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, по најавите на премиерот Мицкоски за изградба на рудници и експлоатација на рудното богатство.
Филипче рече дека граѓаните мора да имаат право директно да одлучат дали во нивната непосредна околина ќе има рудници, особено во услови кога веќе постојат сериозни проблеми со квалитетот и безбедноста на водата.
Претседателот на СДСМ нагласи дека Владата не смее националните богатства да ги користи како излез од сопствените економски проблеми и неуспеси.
„Нема право премиерот, кога има сега целосен дебакл во сферата на економските политики, да мисли дека може да ја распродава земјата. Тоа не е негова приватна сопственост“ нагласи Филипче.
Слични новости
И за празникот жешко време во Македонија
Управата за хидрометеоролошки работи за денешниот празничен ден издаде портокалов метеоаларм за високи температури на територијата на целата држава.
Македонија одбележува 35 години независност
На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава
Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.9. е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје.


