Фудбалерите на унгарски Ференцварош синоќа на гости го победија турскиот тим Трабзон со 1:0 во првиот меч од квалификациите за Лига Европа.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Закаријасен во 17. минута од натпреварот.

Бенфика од Португалија, пак, на домашен терен во првиот натпревар го совлада данскиот претставник Архус со 3:1. Сите голови беа постигнати во првото полувреме.

Реваншите од квалфикациите за Лига Европа се играат на 27 август.

Слични новости

Европскиот шампион ПСЖ со разочарувачки старт на почетокот од сезоната

Европскиот шампион ПСЖ со разочарувачки старт на почетокот од сезоната

Париз Сен Жермен синоќа на домашен терен загуби од Монако со 2:1 и по три кола во француската прва лига нема ниту една победа. Поразот на домашен терен против Монако уследува откако во минатото коло ПСЖ во финишот на мечот спаси бод против Лил, а во првото коло одигра нерешено 2:2 против Рен.