Фудбалерите на унгарски Ференцварош синоќа на гости го победија турскиот тим Трабзон со 1:0 во првиот меч од квалификациите за Лига Европа.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Закаријасен во 17. минута од натпреварот.
Бенфика од Португалија, пак, на домашен терен во првиот натпревар го совлада данскиот претставник Архус со 3:1. Сите голови беа постигнати во првото полувреме.
Реваншите од квалфикациите за Лига Европа се играат на 27 август.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
