Фудбалерите на унгарски Ференцварош синоќа на гости го победија турскиот тим Трабзон со 1:0 во првиот меч од квалификациите за Лига Европа.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Закаријасен во 17. минута од натпреварот.

Бенфика од Португалија, пак, на домашен терен во првиот натпревар го совлада данскиот претставник Архус со 3:1. Сите голови беа постигнати во првото полувреме.

Реваншите од квалфикациите за Лига Европа се играат на 27 август.

Слични новости

Српскиот фудбалер Филип Костиќ стана играч на ПСВ од Ајндховен

Српскиот фудбалер Филип Костиќ стана играч на ПСВ од Ајндховен

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ стана играч на холандскиот клуб ПСВ Ајндховен со кого потпиша договор до јуни 2028 година. Костиќ изјави дека откако уследила поканата да игра за холандскиот шампион немал никаква дилема и дека се чувствува пресреќно.