Фудбалерите на унгарски Ференцварош синоќа на гости го победија турскиот тим Трабзон со 1:0 во првиот меч од квалификациите за Лига Европа.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Закаријасен во 17. минута од натпреварот.
Бенфика од Португалија, пак, на домашен терен во првиот натпревар го совлада данскиот претставник Архус со 3:1. Сите голови беа постигнати во првото полувреме.
Реваншите од квалфикациите за Лига Европа се играат на 27 август.
Слични новости
Британецот Ромел Глејв го освои златото во трката на 100 метри на Европското првенство
Глејв до златото стигна со резултат од 10,09 секунди. Сребрениот медал го освои неговиот сонародник Џеремаја Азу кој забележа време од 10,16, додека бронзата му припадна на Германецот Овен Ансах со време 10,19.
Лион и Фенербахче во дуел за учество во Лигата на шампионите
Фудбалерите на Олимпик од Лион се пласираа во завршната фаза од квалификациите на Лигата на шампионите, откако на домашен терен ја победија Славија од Прага со 3:0. Во првиот меч во Прага, чешкиот клуб победи со 1:0.
Црвена Звезда елиминарана од израелски Хапоел во квалификациите на Лигата на шампионите
Црвена звезда синоќа во Белград на домашен терен загуби со 2:0 од израелски Хапоел и беше елиминирана од квалификациите за Лигата на шампионите. Головите за Хапоел ги постигнаа Златановиќ во 61-та минута и Ист во 79-тата.


