Фудбалерите на унгарски Ференцварош синоќа на гости го победија турскиот тим Трабзон со 1:0 во првиот меч од квалификациите за Лига Европа.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Закаријасен во 17. минута од натпреварот.
Бенфика од Португалија, пак, на домашен терен во првиот натпревар го совлада данскиот претставник Архус со 3:1. Сите голови беа постигнати во првото полувреме.
Реваншите од квалфикациите за Лига Европа се играат на 27 август.
Слични новости
Босанскиот репрезентативец Амир Дедиќ потпиша петгодишен договор со Њукасл
Досегашниот фудбалер на Бенфика и босански репрезентативец Амир Дедиќ денеска потпиша петгодишен договор со Њукасл, соопшти англискиот клуб. Дедиќ (24) е шестото засилување на Њукасл во летниот преоден рок.
ФИФА го отпушти оперативниот директор што го критикуваше Инфантино
Меѓународната фудбалска федерација ФИФА денес го отпушти својот оперативен директор Кевин Ламур, откако ги критикуваше плановите на претседателот на ФИФА Џани Инфантино да продаде дел од натпреварувањата на приватни инвеститори.
Мемфис Депај останува во Коринтијанс уште две години
Бразилскиот клуб Коринтијанс соопшти дека го продолжил договорот со холандскиот фудбалер Мемфис Депај, пренесува шпанскиот весник „Марка“. Депај ќе потпише нов двогодишен договор со клубот, а одлуката ја одобрил Управниот одбор на Коринтијанс.


